Лејди Гага и Хоакин Финекс спасуваат колега за време на снимањето на „Џокер 2“
Нови фотографии од сетот на продолжението на „Џокер“ ги прикажуваат Лејди Гага и Хоакин Финекс како му помагаат на колега што паднал додека снимале на култните скали во Бронкс. Гага е облечена и нашминкана како Харли Квин (ликот што го глуми) во моментот кога се случил инцидентот. Таа и Хоакин биле на половина сцена кога еден од членовите на екипата се сопнал преку оградата и паднал. Се чини дека мажот не е сериозно повреден. Случката ги натера Гага и Финекс да ја паузираат сцената и да му помогнат на човекот да се качи по главните скали пред да продолжи снимањето. Продолжението на „Џокер“ го режира Тод Филипс, кој го напиша и сценариото заедно со Скот Силвер. Гага ја портретира верзијата на ликот на „Ди-си комикс“, Харли Квин, жена психијатар, која се справува со лошите навики на злобниот Џокер, пишува „Вараети“. Маргот Роби претходно ја глумеше Харли Квин во „Одред самоубијци“ (Suicide Squad) и „Птиците грабливки“ (Birds of Prey), а Кејли Куоко го позајми гласот на ликот во анимираната серија „Харли Квин“, што се емитуваше на „Ејч-би-о макс“.
Comments