Лејди Гага во Версаче фустан за миланската премиера на House of Gucci
Updated: Nov 16, 2021
15.11.2021 Noemvri Ponedelnik
Поп-ѕвездата и актерка блесна во креација од брендот „Ателје Версаче“ за свечената премиера на крими-драмата „Гучи“ во Милано во саботата. 35-годишната ѕвезда ја портретира Патриција Реџани, жената која го нарача убиството на поранешниот сопруг Маурицио Гучи, наследник на модната династија. А во Милано во саботата, Гага го запали црвениот тепих облечена во долг црвен фустан со шлиц до бутовите. „Изработен од свила сатен, фустанот е инспириран од дизајн од Версаче-колекцијата пролет-лето 1995 година“, наведено е на Инстаграм- профилот на брендот. Гага својот гламурозен изглед го дополни со црвени чевли на платформа и златен накит. House of Gucci е филм инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната империја зад познатата модна куќа, едно од најстрашните злосторства во високото друштво во Италија. Лејди Гага ја глуми Патриција Реџани, позната под прекарот „црната вдовица“, во новиот филм во режија на сер Ридли Скот. Дејствието се одвива во 1995 година, по случувањето што ја потресе Италија – убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата поранешна сопруга Патриција. Три години подоцна, таа беше осудена на 29 години затвор откако обвинителите докажаа дека изнајмила платен убиец да го убие поранешниот сопруг. Излезе од затвор по отслужени 18 години. Сторијата е базирана на книгата „Куќата Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“. Филмот ќе се појави во киносалите на 24 ноември.
Comments