top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лејди Гага блеска на премиерата на „Куќата Гучи“ во Лoс Анџелес

26.11.2021 Noemvri Petok

Лејди Гага отсекогаш била суперѕвезда и ретко кој има беспрекорен стил на црвениот тепих како таа, коментираат светските шоу-биз медиуми. Гага неодамна се појави на премиерата во Лос Анџелес за нејзиниот нов и многу очекуван филм, House of Gucci, облечена во креација од соништата на „Валентино“ – блескав плисиран златен фустан до подот, без ракави. Поп дивата и актерка својот изглед го дополни со заслепувачки дијамантски накит, чокер и обетки. Нејзината шминка беше адекватно драматична – смели зачадени очи, густ и темен ајлајнер и впечатливи веѓи. „Куќата Гучи“, во кој Гага глуми заедно со Адам Драјвер, е потресна сторија за убиството на италијанскиот моден магнат и прв човек на брендот „Гучи“, нарачано од неговата поранешна сопруга, која потоа го доби прекарот црната вдовица. Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 26 ноември.




1 view

Comments


bottom of page