Search
Летонец ни даде 17 гола, Македонија ја запиша првата победа на ЕП
- Aleksandar Santovski
- Jul 14
- 1 min read
14.07.2026 juli vtornik
Македонската младинска репрезентација ја оствари првата победа на Европското првенство во Романија и тоа во соочувањето со Летонија.
Нашиот национален тим ја прекина серијата од четири порази (Норвешка, Хрватска, Данска, Австрија) и пронајде начин да ја совлада Летонија, селекција која вчера ја изненади Норвешка (37:35).
Избраниците на Игор Илиевски одиграа комплетен меч во кој беа подобри од противникот во двете полувремиња (16:13, 19:18) и сосема заслужено дојдоа до славје од 35:31.
Мики Лазов и Лука Ѓорѓиевски постигнаа по осум погодоци, додека кај поразените неверојатно издание имаше Валдис Калнинс, кој со 17 голови постави рекорд на ЕП за играчи до 20 години.
Македонија ќе се бори за пласман од 17. до 24. место.






Comments