top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Летечка театарска трупа“ вечерва со премиера на „Ожалостена фамилија“

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ од Тетово денеска за првпат од почетокот на пандемијата ќе прикаже премиера. Toa ќе биде комедијата „Ожалостена фамилија“ на Бранислав Нушиќ. Почетокот е закажан за во 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

„Смеата е најдобриот лек на светот. Со премиерата на комедијата ‘Ожалостена фамилија’ на безвременскиот Бранислав Нушиќ, Летечката театарска трупа го пробива мразот во кој не’ окова короната. Претставата е приказна на нашите табиети, вечни пориви по материјалното и јавните тајни на нашиот град и народот кој живее во него, сето тоа спакувано низ призмата на комедијата. На нашата публика и ветуваме здрав хумор и секако безбеден престој во театарот запазувајќи ги сите здравствени протоколи. Маските, дезинфекција и растојанието помеѓу публиката во салата се задолжителни, исто како и квалитетот на нашата игра“, изјави Владимир Јовановски, режисер на комедијата.

Организаторите потсетуваат дека согласно протоколите за заштита при пандемија ќе бидат овозможено само 30 отсто исполнетост на големата сала во Центарот.

„Влезот ќе биде отворен во 18 часот за до почетокот (19:00 часот) публиката да влезе без метеж. При влез се мери температура, се дезинфицираат раце, се користи заштитна маска за лице и се влегува со држење дистанца. Во салата се седнува на столче на кое е дозволено да се седи. Останатите, на кои е забрането, се соодветно обележани. По одржувањето на претставата, објектот се напушта по истиот протокол, информираат од „Летечка театарска трупа“

Претставата ќе биде на репертоарот и во среда и четврток, исто така од 19 часот.


1 view

Comentarios


bottom of page