Летен фестивал на книгата во Три
Updated: Jun 24, 2021
23.06.2021 Juni Sreda
Летниот фестивал на книгата веќе започна во книжарниците на Издавачкиот центар „Три“ и ќе трае два месеци.
„Фестивалската понуда, покрај изданијата на ‘Три’ и ‘Паблишер’, опфаќа уште 11 други издавачи и повеќе од 600 наслови со попуст до 50 проценти што се достапни и онлајн, како и попусти до 80 отсто на класици и врвни изданија од светската книжевност кои се дел од акцијата пет книги за 499 денари“, посочуваат од „Три“.
Оттаму најавија и нови изданија од домашната и светската книжевна сцена – „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Пчеларот од Алепо“ од Кристи Лефтери, „Половината што ми недостига“ од Брит Бенет, „Пачинко“ од Мин Чин Ли, „Трагачот“ од Тана Френч, како и нови книги од Рафаела Жордано, Ањес Мартен-Лиган, Малком Гладвел, Ерик Емануел Шмит, Харуки Мураками, Брајан Трејси, Дејл Карнеги.
Comments