top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Летен фестивал на книгата во книжарниците на „ТРИ“

Во сите книжарници на „ТРИ“ и на kniga.mk од 20 јуни до 20 август традиционално се одржува Летниот фестивал на книгата.

„Под слоганот ‘Секоја страница – нова станица’, ве очекува понуда која ќе ви овозможи што е можно повеќе книги под дебелите сенки, на песочните плажи, во шумите или на само во срцето. Пуштете ги во себе книгите и нека ви остават траен печат од едно извонредно лето. Многу нови наслови кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги, се само дел од предностите на овојв фестивал“, велат организаторите.

„Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита како дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, додека „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе подарат позитивни вибрации.

Фестивалскиот каталог е на следниот линк https://bit.ly/3y1yTfg.



2 views

Comments


bottom of page