Летен репертоар во киното МСУ
Киното МСУ ја почнува својата летна филмска програма. Од 21 до 24 јуни, љубителите на седмата уметност ќе може да уживаат во четири извонредни филмски остварувања. Сите проекции се бесплатни и започнуваат од 20 часот, на отворено – на тремот на МСУ.
Распоредот на проекции почнува утре, со „Грете Мајер – кралицата на данскиот дизајн“, в среда е „Американска модерна уметност, тајно оружје во Студената војна“, в четврток на репертоарот е „Маија Исола“, а в петок „Грејс Џоунс: лајтшоу и леб“. Капацитетот на киното е 60 седишта и не е потребно дополнително регистрирање за влез на настанот.
Грете Мајер е една од најголемите фигури на данскиот дизајн, но можеби и една од најзапоставените. Како дизајнерка, Мејер ни остави функционални дизајни за домот, кои и денес се од големо значење. Овој хибриден документарец ја раскажува нејзината приказна како жена, уметник, пионер, мајка и љубовница, преку интересна и ранлива нарација што ја оставаат нејзината кариера, успех и наследство.
„Американска модерна уметност, тајно оружје во Студената војна“ е филм сместен во 1945 година. Овој филм раскажува како американската разузнавачка агенција тајно ги финансирала изложбите на овие сликари во странство. Милионерите како Нелсон Рокфелер, чија мајка е коосновачка на MoMA во Њујорк, беа главни поддржувачи на апстрактниот експресионизам, а многу други институции исто така одиграа своја улога. Преку архивски снимки, овој возбудлив документарец открива како ЦИА користела антидемократски методи за да ги заштити демократските вредности на Соединетите Американски Држави, повторувајќи го клучниот период во историјата што долго време остана тајна.
„Маија Исола“, филм за животната филозофија на Маримеко, произлезе од дизајните на ткаенината на Маија Исола, достигнувајќи архитектонски височини заедно со големите принтови на Маија. Денес, дизајните на ткаенината на Маија Исола го освоија целиот свет.
„Грејс Џоунс: лајтшоу и леб“ ѕирка зад култната маска на актерката и пејачка Грејс Џоунс и ја запознаваме и како љубовница, ќерка, мајка, сестра, па дури и баба. Водејќи нè на патување низ својата родна Јамајка, заедно со син ѝ Паоло и внука ѝ Шантал, филмот ни открива една досега непозната Џоунс, некој што нè потсетува каков може да биде животот кога човек ќе се осмели вистински да го живее. Се чини дека ѝ нема рамен, па, сепак, Грејс Џоунс е и некој со кого можеме да се идентификуваме: таа е исклучокот што го потврдува правилото.
Comments