top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Лесна ти земја, мајсторе“: Почина кралот на ромската музика Ферус Мустафов

Ферус Мустафов замина во легендите. Музичарот, кој беше познат како „кралот на ромската музика“, издиша за последен пат на 72-годишна возраст по кратко боледување.

Здравствената состојба на македонски кларинетист и саксофонист драстично се влошила по доживеан мозочен удар минатиот месец.

Игор Џамбазов со емотивна објава се збогуваше со својот пријател: „Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе... Лесна ти земја, мајсторе“ – напиша тој.

Ферус ќе биде погребан во неговиот роден град Штип.



2 views

Comments


bottom of page