Леонардо отворено призна кога првпат стапил во контакт со Меси: Повеќе нема потреба да се крие
16.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Лионел Меси го режираше најголемиот шок во летниот преоден рок со трансферот во редовите на ПСЖ, или поточно со слободниот премин во редовите на францускиот клуб откако на крајот не го продолжи договорот со Барселона.
Иако се чинеше дека се е завршено и договрено со претседателот Жоан Лапорта, на крајот работата се изјалови и Аргентинецот со солзи во очите се збогуваше од вип конференцијата на „Камп Ноу“, а само неколку дена подоцна, стави потпис со клубот кој извесно време мудро чекаше разврска на цела ситуација.
Како спортски директор, доста важен дел во преговорите имаше Бразилецот Леонардо, кој сега отворено признава дека ПСЖ првпат контактирал со Меси во јануари, но сите мислеле дека тој ќе остане во клубот во кој мина повеќе од две децении.
– Повеќе нема потреба да се крие, веќе кога тој и настапи за нас во Лигата на шампионите. Нема да кријам дека имавме освтарено контакт со него пред завршниот расплет.
– Првпат зборувавме уште во јануари, кога беше на шест месеци од истекот на договорот. Пред јануари, никогаш немавме контактирано со него. Негова идеја беше да остане во Барселона, но кога тоа заврши лошо, покажа огромна желба да дојде кај нас. Тоа што го остваривме заедно е многу големо, – објаснува Леонардо.
Comments