top of page

Леонардо ди Каприо фотографиран на снимање нов филм, изгледа непрепознатливо

Feb 7, 2024
1 min read


07.02.2024 Februari Sreda

Објавени се првите фотографии од холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на снимањето на новиот филм на Пол Томас Андерсон, кој засега е познат само како BC Project.

На фотографиите Лео е облечен како бездомник и е фотографиран како стои покрај телефонска говорница пред локалниот пазар. Папараците го виделе како оди низ пазарот, користи говорница и се однесува многу параноично.

На полициските автомобили користени на снимањето пишува Полициска управа на Бактин Крос, а Ди Каприо е облечен во хипи-стил.

Се шпекулира дека Лео неодамна потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година. Но, не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа. Пинчон во романот го опиша Зојд Вилер со мустаќи како Ди Каприо на фотографиите од папарацото.

Иако заплетот на филмот моментно е тајна, „Дедлајн“ објави дека во филмот глумат и Шон Пен и Реџина Хол. Буџетот на филмот наводно е сто милиони долари.


 
 
 

Comments


bottom of page