top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееле на Мик Џегер на роденденот

Рок-легендата, сер Мик Џегер, во средата го прослави својот 80. роденден, а веста што беше на насловните страници на светските шоу-биз медиуми сега е дополнета со неколку детали од прославата. Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и пејачот Лени Кравиц му пееја роденденска песна, откри извор што бил присутен вечерта. Фронтменот на „Ролинг стоунс“ во средата славеше со многу гости, вклучително и неколку од холивудската А-листа, во ноќниот клуб Embargo Republica во Челси, Лондон. На забавата имало танчарки во карневалски стил и бенд што настапува за гости. Инсајдер од забавата изјави за „Мејл онлајн“: „Мик беше многу среќен што го помина роденденот опкружен со своето семејство и пријателите, кои долетаа во Лондон од целиот свет за да бидат таму на неговиот посебен ден“. „Постојано беше на подиумот и не престана да се движи цела ноќ, а целата забава траеше до раните утрински часови. „Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееја: happy birthday и сите други им се придружија… тоа беше најзабавната прослава. „На вечерта со кубанска тема се појавија и егзотични танчарки облечени како за карневал – во градници со украси и разнобојни пердуви на главата. Тие ја оживеаја забавата“.


1 view

Comments


bottom of page