Лени Кравиц им се придружува на Џенифер Лопез и Џош Духамел во нова акциона комедија
17.02.2021 februari sreda Џенифер Лопез и Џош Духамел имаат уште неколку гости што доаѓаат на нивната свадба со пушки, Shotgun Wedding, нов филм во кој им се придружува и Лени Кравиц. 56-годишниот пејач и актер го стави својот потпис за да глуми во акционата комедија на „Лајонсгејт“, објави холивудскиот портал „Дедлајн“ во вторникот. Исто така, според филмскиот портал, своите потписи ги ставија и Чич Меран, Дарси Карден, Селина Тен, Дезмин Борхес и Алекс Малари. Приказната е насочена кон Грејс (Лопез) и Том (Духамел), кои се подготвуваат да ги соберат и двете свои семејства за нивната свадба. Она што семејствата не го знаат е дека парот има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата одеднаш ќе бидат земени како заложници.
Comments