Search
Лембанов си поднел оставка, Темелковски ќе го води Пролет во Прилеп
- Aleksandar Santovski
- Oct 25, 2023
- 1 min read
Составот на Тинекс Пролет влезе во лоша резултатска серија во Суперлигата, забележа три порази во низа од кои последниот беше изненадувачки од Вардар Неготино (24-22), пораз по кој тренерот Алексо Лембанов одлучил да ја презема одговорноста и си поднел оставка. Управата на клубот се уште нема донесено одлука, поточно не сака да биде донесено брзоплето решение и ова прашање ќе го расчисти за време на паузата поради ЕХФ-неделата. Во меѓувреме пак екипата на соочувањето со Прилеп ќе ја води искусниот Илија Темелковски. Иле е клупска легенда и управата има максимална доверба во него дека ќе успее да го извлече максимумот од играчкиот кадар што го има на располагање и ќе оствари позитивен резултат.

Comentarios