Леклер ја доби битката со Ферстапен и се избори за трета пол позиција во Баку
По речиси еден месец пауза, Формула 1 караванот се враќа на сцена со трката за Големата награда на Азербејџан, а денеска во Баку беа возени квалификациите за главното случување во недела.
Според најавите, утре ќе се вози спринт трката во попладневниот саботен термин, па затоа овој петок беше навистина возбудлив и донесе голема борба за првото место.
Интересно, Макс Ферстапен и Шарл Леклер во еден момент имаа исто време со 1:40.445 и го делеа првото место, но на крајот возачот на Ферари покажа дека Баку му е една од омилените стази и извозе подобар круг за 188 десетинки.
Леклер на овој начин стигна до третата последователна пол позиција на патеката во Баку и го повтори успехот од 2021-ва и 2022-ра година, оставајќи го зад себе двоецот на Ред Бул.
Зад Ферстапен, на третото место ќе стартува Серхио Перез, Саинц го потврди напредокот на Ферари и ќе стартува четврти, додека на петтата позиција се искачи Луис Хамилтон.
Од шестото до десеттото место се Алонсо, Норис, Цунода, Строл и Пјастри. i.
コメント