top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ледецки го освои 16-oт златен медал на СП

ПЛИВАЊЕ

Ледецки (25), која е и седумкратна олимписка шампионка, според освоените златни медали од мундијалите заостанува само зад сонародниците Мајкл Фелпс (26 титули) и Рајан Лохти (18 злата

Американката Кејти Ледецки го освои рекордниот 16-ти златен медал на светските првенства (СП), со победата во трката на 400 метри слободно на СП во Будимпешта (Унгарија), со време од 3:58,15 минути. Ледецки (25), која е и седумкратна олимписка шампионка, според освоените златни медали од СП заостанува само зад сонародниците Мајкл Фелпс (26 титули) и Рајан Лохти (18 злата). – Добро е чувството. Ова беше мојата најбрза трка во оваа дисциплина на светските првенства, така што навистина сум среќна, наедно и возбудена за она што ме очекува во наредните денови – изјави Ледецки за „Олимпик.ком“.

Во штафетната трка 4×100 метри слободно за мажи, пливачите од САД, Келеб Дресел, Рајан Хелд, Џастин Рес и Брукс Кари во еден миг имаа време за нов светски рекорд, но на крајот задоцнија за малку повеќе од една секунда. Во женската штафетна трка на 4х100 метри слободно победија Австралијките, пред Канада и САД, за повеќе од една секунда.

Австралиецот Елајџа Винингтон (22) го освои првиот златен медал во поединечна конкуренција на СП, на 400 метри слободно, а Французинот Леон Маршан (20) победи на 400 метри мешано со нов рекорд на СП, 4:04.28 минути. СП првично требаше да се одржи во Фукуока, Јапонија, пред да биде префрлено во главниот град на Унгарија поради загриженоста за ковид-19.


1 view

Comments


bottom of page