top of page

Легендите добиваат наследници во дресот на Македонија! кошарка

02.06.2026 juni Vtornik

Петар Наумоски и Врбица Стефанов се едни од најголемите кошаркарски имиња кои ги дала Македонија низ својата историја. Две легенди, кошаркарски великани преку кои не препознаваат во светот.

Сега, двајцата имаат свои наследници во сениорскиот тим. На поширокиот список на селекторот Берокал се најдоа нивните синови.

Михаил Наумоски, кошаркар роден 2003 година кој игра како крилен центар, доаѓа во националниот тим за првпат. Моментално тој е член на Феникс 2010.

Новитет во селекцијата е и Рубин Стефанов, кој е роден во 2005 година и игра како бек и крило. Се работи за син на Врбица Стефанов, играч кој важи за потенцијал и има настапи зад себе во странски екипи. Последен клуб оваа сезона му беше Ангели од Кисела Вода.

Во националниот тим веќе подолго време игра и Теодор Симиќ, син на некогашниот кошаркар Тони Симиќ.


 
 
 

Comments


bottom of page