top of page

Легенди на Тотенхем со жестоки критики за Ромеро: Не ми се верува дека дозволија да замине

22.05.2026 Maj Petok

Роберто Де Ѕерби не сакал да го критикува капитенот Кристијан Ромеро, но вели дека ги разбира фановите кои се изненадени и разочарани од потегот на аргентинскиот фудбалер.

Дефанзивецот одамна се повреди и не е во конкуренција за настап во последното премиерлигашко коло, но неколку клупски легенди и фановите очекуваа да биде покрај соиграчите на натпреварот на кој лондонскиот тим ќе се бори за опстанок.

На Тотенхем му треба барем бод во последната рунда, а Ромеро избра да се врати во татковината и да го следи својот поранешен клуб Белграно.

– Јас лично би го одвел на аеродром и би му порачал да не се мачи да се враќа, – рекол легендарниот Глен Ходл.

– Ова е најважниот натпревар во клупската историја, потребно е да биде покрај соиграчите за да им изрази поддршка. Не ми се верува дека му дозволија да замине, – рекол Теди Шерингам.

– Одлуката е на лекарскиот тим и сметам дека Ромеро не може да смени нешто ако биде присутен на стадионот. Немам енергија за да се концентрирам на други работи, не го осудувам фудбалерот затоа што постојано се однесуваше коректно, но ги разбирам фановите, – рекол менаџерот Де Ѕерби.


 
 
 

Comments


bottom of page