top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Легендарните „Квин“ објавија до сега изгубена песна со Фреди Меркјури (ВИДЕО)

Песната Face It Alone е снимена за време на снимањето на албумот The Miracle во 1988 година, но не била вклучена во нејзината финална верзија. Песната била откриено кога продуцентскиот тим на бендот се навратил на тие снимки за да подготви ново издание на тој албум.

Синглот е првата нова композиција со Меркјури по албумот „Засекогаш“ од 2014 година, кој вклучувал три досега непознати песни со пејачот.

Поранешниот фронтмен на бендот почина од компликации од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст. Бендот составен од Меркјури, Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон е основан во 1970 година и стана познат со песните како што се Bohemian Rhapsody и We Will Rock You.

Зборувајќи за откритието, Меј рече дека е воодушевен што ја пронашол снимката и дека на неа се слушаат сите четворица членови на бендот.

„Заборавивме на таа песна, но таа беше таму, вистински скапоцен камен. Тоа е прекрасно, вистинско откритие. Тоа е многу страсна песна“, рече Тејлор.

На 18 ноември, бендот ќе го реиздаде својот 13-ти албум, The Miracle, кој првпат беше објавен во 1989 година. Албумот, кој ги вклучува песните I Want It All, Breakthru и The Invisible Man, во тоа време се искачи на првото место на топ листите во Велика Британија.



1 view

Comments


bottom of page