top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Легендарниот шведски тенисер, Матс Виландер, за француски „Лекип“ прогнозира уште колку долго најдоб

15.07.2021 Juli Cetvrtok


Легендарниот шведски тенисер, Матс Виландер, за француски „Лекип“ прогнозира уште колку долго најдобрата тројка во светот на тенисот, Ѓоковиќ – Надал – Федерер, може да владее на тениската сцена.

„Кога ќе ги погледнете Надал и Федерер, си велите ок. Зошто не би можеле да издржат уште една-две години на ова ниво. Тогаш го гледате Ѓоковиќ и си помислувате, па овој човек може да издржи уште 10 години“, вели Виландер.

Тој смета дека разликата што ја прави Новак во однос на конкурентите е голема.

„Новак е попаметен играч за разлика од порано. Кога Агаси почна да работи со него во 2017 година, призна дека е изненаден од фигурата на Ѓоковиќ и колку е тој посветен на секој меч и тренинг“, вели Швеѓанецот.

Потоа даде свој коментар и за финалето на Вимблдон против Беретини.

„Во тоа финале можеше да победи со 6-3 6-3 6-3. Како можеш да си толку доминантен на трева, а да го немаш сервисот на Пит Сампрас или Роџер Федерер: Мислам дека не постоел подобар само во една работа – излегување на мрежа. Одбраната му е неверојатна, точно знае каде да стои и како да се движи“, заклучи Матс Виландер.

Следната цел за српскиот ас е САД опен, кој почнува на крајот на август.

1 view

Comments


bottom of page