Легендарниот Светислав Пешиќ објави дека заминува во пензија!
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Тренерот на Баерн Минхен, Светислав Пешиќ, најави дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на својата богата тренерска кариера.
Пешиќ, кој има 76 години, веќе еднаш беше на чело на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година, а во текот на својата долга кариера остави значаен белег во европската и светската кошарка.
Покрај германскиот клуб, тој работеше и во повеќе реномирани екипи, меѓу кои Босна, Алба Берлин, Келн, Барселона, Виртус, Џирона, Динамо Москва, Црвена Звезда и Валенсија.
Во својата кариера беше селектор и на неколку национални тимови, вклучувајќи ги Германија, Југославија и Србија, со кои оствари бројни значајни успеси.
Со најавата за повлекување, Пешиќ ќе ја затвори една од највлијателните тренерски кариери на европската кошаркарска сцена, оставајќи зад себе богато наследство и значаен придонес во развојот на спортот.






Comments