Легендарниот Родман: Изненаден сум што сум жив, многумина сметаа…
Сите оние што подолго време ја следат НБА лигата многу добро знаат кој е Денис Родман, екцентричен лик кој успеа да направи многу во кариерата, но и лик познат по бурниот живот и по многуте скандали.
Популарниот „црв“ долги години играше во НБА и успеа дури петпати да ја освои титулата, да земе прстен и тоа во своите престои во Детроит Пистонс во ерата на „Bаd Boys“ (Лошите момчиња) и во Чикаго Булс каде играше со Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Стив Кер и останатите.
Неговиот живот надвор од терените можеби го чинеше да направи уште позначаен резултат во кариерата, а многумина веруваа и дека тој нема долго да живее, меѓутоа Денис успеа да ги надмине сите очекувања, па дури самиот да се изненади.
-Изненаден сум што сe уште сум тука, бидејќи многу луѓе мислеа дека ќе умрам на 40, 45, 50, 55 години. Јас наполнив 60 години и eве се уште сум тука. Некој има рака на моето рамо и ми вели дека ми останува уште многу да исполном нешто за луѓето ширум светот, -вели Денис во свој стил.
Comentarios