Легендарниот Раул Гонзалес се впушта во акција и ќе води клуб кој го прослави 100. роденден
09.11.2026 Noemvri Ponedelnik
Раул Гонзалес е големо име на шпанскиот, европскиот и светскиот фудбал, играчка легенда на Реал Мадрид, но и човек кој во карерата беше активен во Германија, Катар и Соединетите Американски Држави.
Откако ги закачи копачките на клин остана во фудбалот како тренер, но иако ја тера и 50. година од животот досега не доби ниту еден позначаен ангажман иако неговото име често се споменувало како решени за дел од клубовите. Тој работеше во младите категории во Реал, ја водеше и втората екипа, ама никогаш не доби шанса да го води првиот тим што е и изненадување ако се земат предвид одредени ситуации.
Сега некогашниот напаѓач ќе се впушти во акција и во иднина ќе го гледаме на клупата на Реал Овиедо. Некогашниот прволигаш се раздели со тренерот Хулијан Калеро и според шпанските медиуми Раул ќе ја зазема неговата позиција.
Овиедо овој викен го доби Кадиз со 2-1, ама раководството одлучи да се раздели со Калеро кој имаше договор до 30 јуни 2027 година.
Во Овиедо се надеваат дека Гонзалес ќе може да испорача резултати и го врати клубот во првата лига. Инаку клубот од Астурија кој годинава прослави 100. години од постоењето се наоѓа на 9. место во втората шпанска лига.







Comments