top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Легендарниот Зоран Михајлов доби големо признание од страна на АИПС и ИААФ

Во деновите на одржувањето на Светското атлетско првенство во Будимпешта, како и во минатото така и сега вообичаено е на овие врвни собири да се одржуваат и други пропратни манифестации.

Така, во „Mузејот на уметноста“, што е во непосредна близина на „Немзети стадионо“ ќе има и традиционален собир на новинарите организиран од АИПС (Светската организација на спортските новинари) и ИААФ (Меѓународната атлетска Федерација) на кој на новинарите што имаат најмногу учества и придонес за афирмацијата на најелитниот светски атлетски собир - ќе им бидат врачени признанија.

Меѓу оние, кои добија вакво признание е и македонскиот новинар Зоран Михајлов, кој уште во Лондон на Светското првенство во 2017 година беше награден за афирмацијата на атлетскиот спорт, а сега доби и второ признание, овој пат по повод прославата на 40-годишнината од одржувањето на Светските првенства, кои својот почеток го имаа во Хелсинки во 1983 година. Признанието му го врачи легендарниот кубански атлетичар Хавиер Сотомајор.

Зоран Михајлов, како коментатор на МТВ, а потоа и како известувач на повеќе македонски медиуми, со доаѓањето во Будимпешта, како специјален известувач на весникот Нова Македонија, ја заокружува бројката од ПЕТНАЕСЕТ учества на Светските атлетски првенства, со која бројка може да се пофали и со учествата на Олимпијадите (девет летни и шест зимски).

Инаку, за потсетување, еве го патот на Зоран Михајлов на Светслоте атлетски пренства: Штутгарт (1993), Гетеборг (1995), Атина (1997), Севиља (1999), Едмонтон (2001), Париз (2003), Хелсинки (2005), Осака (2007), Берлин (2009), Даегу (2011), Москва (2013), Пекинг (2015), Лондон (2017), Доха (2019) и Будимпешта (2023)


1 view

Comments


bottom of page