top of page

Легендарниот Дончевски го посети националниот тим и им симна капа на репрезентативците: Вие го крена

Легендарниот Дончевски го посети националниот тим и им симна капа на репрезентативците: Вие го кренавте македонскиот фудбал…(ВИДЕО)Македонската репрезентација продолжува да се подготвува за дуелот против Малта во квалификациите за Европското првенство, а на денешниот тренинг се појави и специјален гостин, легендарниот Андон Дончевски.

Првиот селектор на македонската репрезентација им симна капа на репрезентативците и им посака успех во престојниот циклус.

Чичко Дончо доби и дрес од капитенот Стефан Ристовски.

Средбата со Малта ја играме на 23 март, додека четири дена подоцна имаме пријателска против Фарски Острови.




 
 
 

Comments


bottom of page