top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Легендарниот Дадо Топиќ песната „Македонија“ ја пее 50 години со иста страст

Легендарниот балкански пејач, текстописец и композитор Дадо Топиќ, чиј репертоар го сочинуваат голем број незаборавни песни („Македонија“, „Дали знаш да те волим“, „Елизабет“, „За који живот да се родим“…) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер, на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година – „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија.

– Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години – вели Топиќ.

На Интернационалната вечер на фестивалот се разбира, тој ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песната која со ист интензитет трае веќе 5 децении.

– Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет.Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении – ни рече легендарниот музичар.

Тој дополни дека кога ќе стигне во Македонија прво ќе ги вкуси специјалитетите на нашата кујна.

– Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат…А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам.


1 view

Comments


bottom of page