Легендарниот голгетер на Реал не му верува на Луис Енрике: Шпанија намерно загуби од Јапонија
Шпанија загуби од Јапонија и на крајот заврши втора во групата Е, но според добар дел од јавноста „фуријата“ намерно го направи ова за да ја избегне Хрватска во осминафиналето, но и Бразил како потенцијален ривал во четвртфиналето.
Луис Енрике се обиде да го демантира ова на прес-конференцијата на која откри дека не бил свесен дека Шпанија била елиминирана во еден момент од двата натпревари кои се играа истовремено, но во зборовите на шпанскиот селектор не верува една легенда на Реал.
Незаборавниот мексикански голгетер Уго Санчез испиша нависитна многу убава историја во „кралскиот клуб“ и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на својата земја, па иако чувствува симпатии кон Шпанија, тврди дека вчера одиграле без желба за постигнување гол во последниот половина час.
– Можам да тврдам дека Шпанија намерно загуби. Едноставно како да не беше на теренот во завршницата од мечот, немаше никаква опасност.
– Не сум во главата на Луис Енрике, но сигурно мислел на формулата како да го избегне Бразил во четвртфиналето на Светското првенство. Постои ризик кога се решавате за вакви потези, но сега треба да играат со тој ризик, – вели Уго Санчез.
Comments