Легенда на Челси со брутален предлог до Лампард по петтиот пораз во низа: Оди си!
Френк Лампард го презема Челси со јасна желба да се избори за што подобар крај на сезоната, но ако се суди според првите пет натпревари, легендата на клубот е уште полош од Грем Потер.
Лондонските „сини“ се во серија од пет порази на петте натпревари на кои Лампард е привремен терен, а последното ужасно издание против Брентфорд посебно го разлути Франк Лебеф.
Поранешниот стопер на Челси има забелешки за работата на клубот цела сезона, но сега има замерки и за Лампард кој смета дека не е човекот кој ќе ги поправи впечатоците.
– Нема што многу да се каже после ваква партија. Можеби имам да кажам само едно нешто. Би му кажал на Лампард: Оди си! Оди си брзо! Се гледа дека нема напредок, нема што да направи тука.
– На тимот очајно му е потребна победа и не може да стигне до неа. Играат како тим кој треба да испадне, а всушност зборуваме за Челси, Челси кој потроши многу пари на играчи. Сепак, ова е фудбал, ако реално се гледа како играат, заслужуваат да бидат таму кадешто се, а тоа е 11-то место, – вели Лебеф.
Comments