Легенда на Барселона сака да се врати на „Камп Ноу“: Тоа е мојот дом, ако Чави ми се јави…
- Aleksandar Santovski
- Nov 15, 2023
- 1 min read
Барселона се обидува да се врати на победнички патеки под водство на Чави Ернандес, но во исто време мора да внимава на финансиската состојба која е далеку од идеална и тоа дефинитивно е пречка тренерот да ги добие посакуваните засилување, поточно најголемиот фокус мора да биде ставен на школата.
Шпанскиот шампион купи само еден играч во летниот преоден рок и тоа искусниот Ориол Ромеу што јасно говори за проблемите кои клубот го има, поточно истиот бара различни начини, позајмица и асови кои се слободни на пазарот за да создаде некој конкурентен тим.
Секое квалитетно засилување е повеќе од добредојдено, па така легендата на клубот Педро Ледесма се нуди за да дојде и помогне.
-Ако ми кажат и Чави ми се јави, јас ќе бидам таму пред тој да зажали и ја спушти слушалката. Барса е мојот дом, тоа не значи дека не го бранам 100 проценти клубот во кој сум сега [Лацио]. Барса е мојот тим, за мене е многу комплицирано да се вратам, поради многу фактори, поради возраста, но би сакал. Да се пензионирам во Барса би било спектакуларно, но на тоа гледаме далеку и тешко, тоа е нешто за што не ни размислувам.
-Имам голема доверба во Чави. Тој е тренер кој дава сè, има многу добри идеи за тоа што сака да го направи, а тоа е да ја издигне Барса што е можно повисоко, -истакна Педро кој своевремно играше заедно со Чави и ги освои сите пехари во Барселона.
Напаѓачот има договор со Лацио до 30 јуни 2024 година.

Comments