top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Леванте мора да продава, Барди добил прва интересна понуда за да остане во Шпанија

Леванте испадна во Втора лига оваа сезона, а тоа значи дека тимот ќе претрпи сериозни промени, односно добар дел од најдобрите играчи ќе побараат трансфер и ќе бараат поатрактивна дестинација.

Намалениот буџет во Сегунда го приморува Леванте да продава и тоа го потврди спортскиот директор Мињамбрес, кој во своето последно обраќање порача дека во најскоро време очекува јавување од страна на агентите со сериозни понуди за неговите фудбалери.

Во листата на фудбалери кои треба да си заминат се споменува и Енис Барди, а интересно тој е еден од тројцата кои се поврзуваат со можен премин во големиот градски ривал.

Валенсија исто така се очекува да направи коренити промени и веќе ги понуди капитените Солер и Гаја на Барселона, па гледајќи во таа насока, сериозно ги следи случувањата со Барди, Кампања и Мелеро.

Тројцата се наоѓаат на радарот на Валенсија и Леванте секако ќе биде приморан да слуша понуди поради намелниот буџет и комплицираната финансиска „дупка“ која се створи со испаѓањето во Сегунда, поради кое пазарната вредност на сите тројца изнесува 10 милиони евра (за секој поединечно).

Интересот од Валенсија не е единствен кога е во прашање македонскиот репрезентативец, бидејќи Шпанците информираат дека Барди има понуди и од Франција и Италија, што остава навистина мали шанси Енис да остане во Леванте и покрај тоа што има договор до 2024-та година.


3 views

Comments


bottom of page