top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Левандовски се превиткуваше од болка, Хрватите шокирани од црвениот картон за Ливаковиќ

15.10.2024 Oktomvri Vtornik

Полска и Хрватска режираа вистински фудбалски празник во Варшава, натпревар на кој видовме шест гола, отворен фудбал и уште неколку шанси на двете страни, но и едно исклучување.

Хрватска прва се враќаше до негатива и со три гола во краток временски интервал поведе со 1:3, но Полјаците не се предадоа и успеаја да се изборат за реми.

Головите на Залевски и Шимански внесоа и одредена нервоза во последните 15-тина минути, а во овој период домаќините играат и со човек повеќе на теренот.

Доминик Ливаковиќ доби директен црвен картон по едно исфрлување на топката, од едноставна причина што во продолжение го закачи и Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач се превиткуваше од болката од ударот кој го доби, додека Хрватите на големо негодуваа и бараа објаснувања од судијата Ернандес.

ВАР не се вклучи во оваа ситуација и остана на сила одлуката која ја донесе Ернандес, па Хрватите мораа да се бранат со 10 играчи и да дојдат до бод.


1 view

Comments


bottom of page