Левандовски сака да биде број еден: Во Барселона е полесно да се освои „Златната топка“
Роберт Левандовски беше упорен ова лето да си замине од Баерн Минхен и на крајот тоа успеа да го направи и тоа во клубот кој најмногу притискаше за неговиот потпис-Барселона.
Полјакот иако е тука само неколку недели веќе станува миленик на навивачите, станува лидер на екипата со своите партии, залагање, совети, голови кои редовно ги постигнува. Левандовски веќе има постигнато 11 голови за каталонците во актуелнава кампања, форма која се надева дека ќе ја задржи и со тоа му помогне на тимот да освојува титули, а со тоа воедно си го отвори патот до престижната награда „Златната топка“ која досега му избега во неколку наврати.
-Се чувствувам како да сум долго време во Барселона. Не очекував фановите толку брзо да почнат да ми пеат. Барселона е тимот кој има дадено најмногу освојувачи на Златната топка во историјата, мислам дека патот до таа награда е пократок кога си во Барса отколку кога си во Баерн, -порача Роберт.
Комментарии