Левандовски направи споредба на Барселона и Баерн: Очекував да биде полесно…
Роберт Левандовски го промени клубот и државата во летниот преоден рок, па од Баерн Минхен премина во редовите на Барселона.
Полјакот одлично се снајде во новата средина и во моментов е движечка сила на каталонците кои се на првото место во Примера, додека пак во Лигата на шампионите имаат учинок 1-1 пред дуелите со Интер кои можат да се покажат како клучни во оваа групна фаза.
Левандовски не ги одработи целосно подготовките со Барселона, ама имаше доволно време да дојде до заклучок, поточно направи споредба со она што го имаше во Баерн Минхен.
-Претсезоната со Чави беше многу интензивна. Очекував дека ќе биде полесно… Беше слично, па дури и потешко отколку со Баерн Минхен, -вели напаѓачот кој ужива во животот во Шпанија.
-Овде во Шпанија навивачите ги ценат техничките детали повеќе отколку во Германија. Овде ја имаат таа еуфорија, уживаат. Отсекогаш сакав да играм во Ла Лига, животот во Шпанија беше мојот сон и не само во спортот. Сега се чувствувам како нов човек, -порача ѕведата на шпанскиот великан.
Comentários