Лев нема долго да остане без работа, следува изненадувачки ангажман
09.07.2021 Juli Petok
Јоаким Лев по цели 17 години ќе си замине од клупата на Германија и ќе го ослободи селекторското столче за Ханси Флик кој ќе биде новиот предводник на „панцирите“. Германија веќе извесен период не игра на потребното ниво под водство на Лев, па јасно беше дека ќе следат промени во селекцијата која во минатото беше страв и трепет за сите противници. Многумина очекуваа дека искусниот германски стратег ќе пронајде клупски ангажман, по долгите години работа како селектор, но последните информации не го говорат тоа. Имено, германскиот „Билд“ пласираа информација дека фудбалската федерација на Русија земја сериозно ќе притисне за ангажман на Јоаким Лев кој бил прв приоритет за наследник на Станислав Черчешов кој доби отказ од позицијата. Лев е прв избор за Русите кои како резервна варијанта ги имале и Андре Виљаш Боаш и Стефан Кнуц кои исто така се поврзуваа то со селекторската позиција на оваа земја.
Comments