top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Леброн Џејмс пред настапот во Париз: Ќе биде лесно

09.07.2024 Juli Vtornik

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, кој во декември наполни 40 години, сака да освои трето олимписко злато, по 2008 и 2012 година, заедно со бронзата во 2004 година.

Сите знаци укажуваат дека Џејмс во тимот на Стив Кер ќе има повеќе улога да крериа за другите отколку да поентира поени.

„Мојата игра ќе биде се што ќе му треба на тимот. Ќе можам да го понудам тоа. Ако играта е таква да треба да поентирам- можам да го направам тоа. Ако треба да асистирам – можам. Отсекогаш се трудев да бидам подготвен за се што му треба на тимот, а тоа нема да се промени ни со овој тим“, вели Џејмс и додава:

„Ќе биде лесно, играм со уште 11 потенцијални членови на „Куќата на славните“– можам да излезам на теренот и да дозволам играта да дојде природно“.


1 view

Comments


bottom of page