top of page

ЛеБрон Џејмс донесе конечна одлука, станува дел од екипа со шампионски амбиции

24.07.2026 juli Petok

ЛеБрон Џејмс одамна потврди дека го напушта Лос Анџелес и официјално се збогуваше со фановите на Лејкерс, а американските медиуми денеска го соопштија и неговиот избор за идниот клуб.

НБА легендата ќе се пресели во редовите на Филаделфија, екипа која прифатила двегодишна соработка вредна 8 милиони американски долари.

ЛеБрон размислуваше и за пензионирање, имаше опција да стане член на неколку клубови, но на крајот ги избрал 76-ките, со што Филаделфија ќе стане четврти различен тим во неговата успешна НБА кариера.

Ветеранот ќе се обиде да му помогне на новиот клуб да го прекине долгиот пост без освоена титула, а ќе биде уште едно важно име во ростерот, чии предводници се Џоел Ембид, Тајрис Макси и од неодамна Џејлен Браун.

Самиот Џејмс ја образложи својата одлука на „Икс“.


 
 
 

Comments


bottom of page