top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Леброн стана првиот кошаркар милијардер и влезе во одбрано друштво

23.07.2021 Juli Petok

„Спејс Џем 2“ веќе почна да се емитува во кино салите во најголем дел од Америка, анимиран филм со кој Леброн Џејмс успеа да си обезбеди неверојатна заработка од некошаркарски проект. „Кралот Џејмс“ е познат како еден од најплатените играчи во НБА лигата, но сепак, ѕвездата на Лос Анџелес е уште подобар во приватно поле, односно заработил далеку повеќе пари од реклами и голем број угледни спонзори. Со најновиот филмски проект, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар милијардер кој надминал една милијарда долари додека се уште е активен на терените, нешто што претходно го имаат направено само пет спортисти во историјата. Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Рожер Федерер беа петмината кои имаа надминато една милијарда долари во своите кариери, а сега во ова посебно друштво е и Леброн Џејмс како прв кошаркар во историјата кој станал милијардер како активен играч. Само за информација, легендарниот Мајкл Џордан во овој момент „тежи“ неколку милијарди, но тој најголем дел од своето богатство го стекна по крајот на играчката кариера во која не заработи ниту приближно како Леброн. Според проценките, Леброн 400 милиони долари од своето богатство го заработил од личните договори со франшизите за кои играше и се уште игра (Лејкерс), додека 650 милиони долари инкасирал од реклами, спонзори и надворешни проекти како „Спејс Џем 2“.





1 view

Comments


bottom of page