Search
Леброн со порака до комесарот на НБА: Сакам тим во Лас Вегас
Леброн Џејмс бил воодушевен од атмосферата во Лас Вегас за време на контролниот натпревар против Феникс на неговиот тим и испратил интересна порака до комесарот на НБА лигата.
Џејмс е убеден дека Лас Вегас заслужува НБА франшиза, а токму тој би сакал да биде предводник на еден ваков член на најквалитетната кошаркарска лига во светот.
– Би сакал еден ден да доведам НБА клуб овде, тоа би било неверојатно.
– Знам дека Адам Силвер е во Абу Даби, но сигурен сум дека ги следи изјавите. Затоа ќе му се обратам: Адам, сакам тим овде, – изјавил Џејмс.
Неколку американски професионални лиги обезбедија свој претставник во Вегас, па нема да биде чудно ако и НБА реши да добие дел од колачот.
Comments