Search
Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата на лоши резултати во дуелите со градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс и славеше со 130:125.
Лидер во овој триумф на „езерџиите“ беше ветеранот Леброн Џејмс кој уфрли 35 поени, собра 12 скокови и запиша 7 асистенции, партија со која постави нов рекорд воо НБА лигата.
Тој е прв играч во историјата на овој шампионат кој во 21 сезона успеал да постигне 35 поени. Нема многу кошаркари кои биле толку време активни, но асови како Винс Картер, Кевин Гарнет, Дирк Новицки, Роберт Периш и Кевин Вилис не успеле да постигнат толку кошеви на еден меч како „кралот“.
Воедно Џејмс го надмина Карл Мелоун во мечеви со +30 поени по 35 година од животот, ѕвездата на Лејкерс веќе има 81, а популарнот „поштар“ застана на 80.
Comments