top of page
Search

Леброн остана без зборови по дебаклот на Лејкерс: Што треба да се промени?

Лос Анџелес Лејкерс потона на гостувањето во Филаделфија каде загуби од Севентисиксерс со 138:94. „Езерџиите“ одиграа катастрофален меч, го доживеаа најтешкиот пораз во пресметките со Филаделфија, а воедно ова за Леброн Џејмс беше најтежок пораз во досегашната НБА кариера, негативен резултат кој пак го избриша новиот негов рекорд, стана играч со најмногу поминато време на теренот во историјата на НБА. -Тоа не ми значи многу на мене, -искоментира Џејмс кој запрашан за тоа што Лејкерс треба да промени неговиот одговор беше краток. -Што треба да се промени за да ова повторно не ни се случи? Многу работи, -истакна „кралот“ кој доби потпрашање дали Лејкерс треба да се фокусина на нешто конретно, а тој порача: -Не. многу работи, -истакна ветеранот на кого дефинитивно тешко му падна ова издание на екипата.


0 views
bottom of page