Search
Леброн и Брони Џејмс испишаа историја во мечот на ЛА Лејкерс
- Aleksandar Santovski
- 6 days ago
- 1 min read
28.03.2026 Mart Sabota
Кошаркарската јавност во Соединетите Американски Држави беше сведок на историски момент во НБА лигата, откако Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс заедно испишаа ново поглавје во најсилната кошаркарска лига на светот.
Во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Бруклин Нетс, дуото татко-син реализираше нешто што досега не било видено – прва асистенција меѓу татко и син во историјата на НБА.
Во текот на втората четвртина, Леброн со прецизно додавање го пронајде Брони, кој сигурно погоди шут за три поени.
Овој момент претставува кулминација на една уникатна приказна, бидејќи Леброн и Брони веќе влегоа во историјата како први татко и син кои не само што заиграле во НБА, туку и настапуваат за ист клуб.






Comments