Search
„Леб и сол“ на 5 август со целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид
Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид ќе оддржат целовечерен концерт.
По фантастичната балканска турнеја, „Леб и сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед. Влезниците се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com , велат организаторите.

Comments