top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Леао откри каква била реакцијата на Ибра кога ја слушнал неговата рап песна

Рафаел Леао се истакна како еден од најголемите фудбалски таленти во последните две-три години, но покрај успесите на фудаблските терен, португалскиот репрезентативец се испроба и во рап-водите. Младата ѕвезда на Милан објави неколку рап-сингла во 2021-ва година и тогаш најави дека размислува и за целосен албум од музиката која најмногу ја сака, но тоа не наишло на одобрување од сите соиграчи. Леао открива дека добил доста позитивни критики од добар дел од колегите во соблекувалната, но тоа не било така и од Златан Ибрахимовиќ кој му се изнасмеал во лице. – Музиката е дел од моето семејство. Мојот вујко беше диџеј, а мојата омилена музика е рапот и хип-хоп. Преку музиката се изразувам, бидејќи во принцип сум многу срамежлив, тешко ми е да покажам чувства. – Темите за кои обично рапувам се за растење во сиромашни квартови. Некои од моите соиграчи ги слушаат моите песни, ми дадоа поддршка, но некои и се смееја. Златан Ибрахимовиќ ми се смееше в лице. Ми порача да се фокусирам на фудбалот, а не на музиката. Останатите ми порачаа да продолжам да снимам песни, – открива Леао.


0 views

Comments


bottom of page