top of page

Леа Ипи доаѓа на „Букстар“ во Скопје

04.08.2026 Avgust Vtornik

Фестивалската треска полека го обзема градот, па во тоа име и едно изненадување за сите љубители на BOOKSTAR! Во склоп на програмата, но пред официјално да започне Фестивалот, во Скопје ни доаѓа Леа Ипи!, соопшти Антолог.„Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот и нејзиното детство на овие простори како уникатен беџ низ животот, но и низ творештвото. Прогласена за една од десетте најважни мислители на модерното време, авторката на „Слобода“, моќно мемоарско дело во кое се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија, доаѓа на посета во Скопје!“. 

Во августовскиот преднастан на BOOKSTAR таа ќе зборува за својот литературен успех, личната историја, историјата како концепт на едно општество и што значи слободата – бидејќи годинава и слоганот ни е во таа насока: FREE AT LeAST!Повеќе детали за дружба со авторката следуваат наскоро, соопшти Антолог.


 
 
 

Comments


bottom of page