Лајонел Ричи ги разочара фановите: „Што се случи со неговиот глас?! Ова е полошо од караоке!’
елевизиските гледачи остро го критикуваа „грозниот“ настап на Лајонел Ричи на концертот по повод крунисувањето на кралот Чарлс, споредувајќи го со „караоке настап во паб“.Присутните на концертот го обвинија пејачот дека ги „искасапил“ сопствените песни, додека се прашуваа што се случило со гласот на 73-годишникот.Милиони луѓе го гледаа Лајонел Ричи како изведува сет песни покрај поп иконите, како Кети Пери и Take That, со 20.000 гледачи кои го следеа концертот во живо.
Музичката легенда ја отпеа класиката на Комодорес „Easy“ и неговиот хит од 1983 година „All Night Long“, а коментарите кои набрзо се појавија на социјалните мрежи беа безмилосни.Разочараните луѓе го исмеваа гласот на музичката икона, а еден дури го спореди неговото пеење со пеењето на Кермит жабата.Се огласија и фановите на Лајонел Ричи, кои рекоа дека им е мило што не купиле билети за неговите концерти.Гледачите рекоа дека Лајонел Ричи звучел како „клупски пејач“ и дека си ги уништил сопствените класици.Сепак, имаше и некои, кои беа емпатични и сугерираа дека Лајонел Ричи не може да звучи исто како пред 40 години.
Comments