Лајонел Ричи ги откажа концертите во Велика Британија
02.02.2022 Januari Sreda
Лајонел Ричи се повлече од годинешниот фестивал на островот Вајт, како и од другите настапи во Велика Британија. Американскиот пејач и текстописец соопшти дека ќе ја одложи својата европска турнеја поради пандемијата на Ковид-19. Тој исто така требаше да настапи на места вклучувајќи ја палатата „Бленхајм“ во Оксфордшир, како и во Нотингем, Кардиф, Белфаст и палатата „Хемптон“ како дел од неговата турнеја „Хелоу! Хитс“. 72-годишникот моментно престојува во Лас Вегас. Тој објави на социјалните мрежи: „Имајќи предвид дека Ковид-19 и неговите варијанти продолжуваат да влијаат на светот, решив да ја одложам мојата европска турнеја ова лето“. „Најважно ми е здравјето на моите фанови, на бендот и на екипата. Се надевам дека ќе разберете и се надевам дека ќе се видиме набргу кога сите ќе можеме безбедно да се собереме“.
Komentáře