Лајлс со пеколен пресврт стигна до златото на 100 метри (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Aug 21, 2023
- 1 min read
Американскиот спринтер Ноа Лајлс досега во кариерата се истакна како специјалист на трките на 200 метри, но сега за првпат во кариерата стана и светски шампион на 100 метри.
Двократниот светски првак на 200 метри денеска беше најбрз на најкратката делница и славеше во финалето на Светското првенство во Будимпешта, иако немаше баш најдобар старт на трката.
Американецот имаше лоши почетни 30 метри и не изгледаше како атлетичар кој е во најдобар позиција за победа, но со пеколно забрзување во завршницата дојде до пресврт и до златниот медал.
Со најдобро лично време од 9:83, Лајлс го освои златото пред Лестли Тебого од Боцвана кој заврши втор и го освои среброто, а бронзата му припадна на Британецот Жарнел Хјуз.
Оваа победа не означува крај на возбудувањата за Лајлс во Будимпешта, бидејќи е пријавен и за трката на 200 метри каде сигурно ќе брка нова победа.

Komentar