Лацио остана без договорено засилување во последен момент: Комплицирано е да се разбере што се случува во неговата глава
01.02.2024 Februari Cetvrtok
Италијанскиот прволигаш Лацио не беше активен во овој зимскиот преоден рок, но во самата завршница на истиот сакаше да повлече потег и со тоа тренерот Маурицио Сари добие уште една опција на располагање.
Имено клубот од Рим требаше да се засили со некогашниот талент на Ливерпул и некогашен младински репрезентативец на Англија, Рајан Кент кој требаше да пристигне од Фенербахче.
Се работеше за позајмица вредна 500,000 евра со опција Лацио да може да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 5 милиони евра. Иако се одеше како што треба на крајот операцијата не се затвори, а за тоа според информациите е виновен офанзивецот.
-Целосно зависеше од играчот, тој се премисли во последен момент и тешко е да се влезе во неговиот начин на размислување. Лацио направи се што беше можно, двата клуба се договорија за пет минути, вината е само на играчот. Од различни причини тој одлучи да не го направи трансферот.
-Прво тоа беше економска работа, потоа секој пат имаше различна причина, постојано ја менуваше својата одлука. Комплицирано е да се разбере што се случува во неговата глава. Не можам да ја кажам вистинската причина зошто рече не. Да знаев, немаше да дозволам да дојде до оваа фаза. Лацио направи дури и повеќе отколку што беше договорено првично, но во последен момент рече не, -вели Матија Лука Теранео кој ја имал улогата на посредник за овој трансфер.
Според информациите на турскиот медиуми, Кент на крајот може да заврши со Хал Сити.
Kommentare