Search
Лафе прв на втората етапа на Тур де Франс, по многу инциденти со дупнати гуми
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Францускиот велосипедист Виктор Лафе (27) е победник на втората етапа (долга 209 км) од најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс. Лафе ја забележа втората победа на грантур-трките, откако пред две години славеше на осмата етапа на Џиро д’Италија. Второто место го освои Белгиецот Вурт ван Арт, а трет беше Словенецот Тадеј Погачар, и двајцата со исти времиња како и победникот.
За време на втората етапа беа забележани голем број проблеми со дупнати гуми, а причината за тоа е фрлањето шајки на патот, што беше откриено по завршувањето на трката. Бранителот на титулата, Данецот Јонас Вингегор, беше меѓу возачите што мораа да ги сменат велосипедите, а Том Пидкок беше четврти со шајка во гумата. Г.И.
Comments