Лаутаро објасни зошто потфрлил на мундијалот: Тоа беше неподнослива агонија
Лаутаро Мартинез игра во старшна форма по крајот на Светското првенство и постигна седум гола откако се врати од мундијалот во Катар, турнир на кој дефинитивно не брилјираше и беше еден од најкритикуваните од страна на јавноста.
Иако го почна мундијалот како стартер, Лаутаро потоа го загуби местото во почетните 11 и на негово место до крајот играше Алварез од Манчестер Сити, а навраќајќи се на моментите кои никогаш нема да ги заборави, Мартинез открива дека причина за неговите лоши перформанси била незгодна повреда на зглобот.
– Кога пристигнав на Светското првенство, јас речиси не можев да ја шутнам топката. Мојот зглоб ми правеше неподнослива агонија. Не можев да играм и да го дадам најдоброто. Ми беше навистина мило што Алварез играше во врвна форма, тој му даде на тимот нешто што јас не можев.
– Во еден момент, Лео Меси ми пријде и ми порача да се фокусирам на рехабилитација, бидејќи ќе можам да им помогнам во финалните минути од натпреварите.
– Таа болка ја носев од натпреварите со Интер и му го кажав тоа на селекторот и затоа побарав од него да не играм пред мундијалот. Играв против Саудиска Арабија со инјекции против болки, но не можев да тренирам како што посакувам, – открива Лаутаро.
Comments